fbpx
22.8 C
Skopje

Спасовски и Манчевски потпретседатели, но дали ќе останат и министри – Локвенец добива голема позиција

АКТУЕЛНО

Следната седмица би можела да се одржи собраниската седница за разрешување на дел од досегашните членови на Владата и за именување нови министри или заменик-министри, откако премиерот Зоран Заев се наврати на идејата за владина реконструкција, пишува НЕЗАВИСЕН.мк

Таа одлука Заев ја објави на седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид, отфрлајќи ги другите можни сценарија (враќање на мандатот или предвремени избори), што ги посочи откако завладеа неизвесноста околу одлуката на ЕУ за почеток на преговори со нашата држава.

Списокот со предлозите за нови министри, според најавите, би можел да биде готов кон крајот на оваа седмица, со оглед на тоа што во изминатиот период Заев имаше повеќе консултации на оваа тема со коалициските партнери, особено со Али Ахмети од ДУИ. Премиерот најави во Охрид дека со реконструкцијата ќе бидат опфатени не повеќе од осум министри, за да не се надмине една третина од моменталниот состав на Владата и да мора да се влегува во постапка како за избор на нов кабинет.

Всушност, проценките се дека Заев ќе смени од пет до шест членови на кабинетот, вклучително со вицепремиерот Хазби Лика, чиј Секретаријат за Рамковен договор се укинува, а притоа не сметајќи ги министерот за култура Асаф Адеми, кој поднесе оставка и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој најави дека ќе се повлече од Владата за да се посвети на новата партиска функција како генерален секретар на СДСМ.

Од друга страна, Заев ќе треба да предложи од седум до девет нови имиња за министри во ресорите што се испразнети или ќе се испразнат, вклучително со предлогот за прв министер во новиот ресор за политички систем.

Тековно, се очекува и смена на повеќе функционери во третиот ешалон, за што, според најавите, одлуки може да се донесат уште на денешната владина седница.

Собраниската седница за избор на новите министри, пак, се најавува за следната седмица, поради отсуството на спикерот Талат Џафери, кој до четврток е во официјална посета на Кина, додека на 21 и 22 јуни ќе се одржува Европскиот самит, така што проценките биле дека може да се почека да заврши овој настан во Брисел пред да се официјализираат промените во владиниот тим.

Целиот текст на НЕЗАВИСЕН.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -