6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Виктор Канзуров до Тодор Петров: Јас како македонски бугарин сум поголем македонец од вашиот букефализам (Видео)

Во вечерашното гостување на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија имаше жестока дебата меѓу двајцата соговорници Виктор Канзуров и Тодор Петров.

За време на дебатата, Канзуров му се обрати на Петров со зборовите: Јас сум поголем македонец од вашиот букефализам. Вие сакате да се конфронтирате со сите соседни земји, вие штета и правите на Македонија. Притоа, Канзуров и се обрати и на новинарката со зборовите: Несериозно е ваков човек да каните во емисија.

Додека Петров зборуваше, Канзуров му се обрати со зборовите: Бугарска пензија за таткото на Гоце Делчев која самиот тој ја побарал и го покажа документот. И ова покажува многу за историските факти.

За Гоце Делчев македонските дијалекти биле бугарски, додаде Канзуров.

Тој рече дека никој во Бугарија освен некаква шепа на националшовинисти не го негира македонскиот современ идентитет, не се меша во тоа и мисли дека спуштањето на топката од двата премиери е оптимизам за двете држави.

– Еве се обидува некогашниот бугарофоб, претседателот на државата Пендаровски да даде добронамерна изјава. Оптимист сум, но тоа не значи дека се ќе тече како мед и млеко, рече Канзуров.

Тој ја нападна Шекеринска за изјавите кон Бугарија.

– Еве документ дека бабата на Радмила Шекеринска 43-та година се изјаснува како бугарка и кажува дека нејзиниот сопруг е убиен од српската власт како бугарин, тука е дедото на Никола Груевски и Сашо Мијалков како 14-ти потпишан, рече Канзуров.

поврзани објави

Последни објави