14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Амди Бајрам повторно со брилијантна изјава: Даде свое мислење за изјавата на Рашковски за „цигани“

Пратеникот Амди Бајрам кој е во коалиција со СДСМ, во изјава за Лидер не сака да го осуди генсекот Драги Рашковски за расизам и говор на омраза.

Не би сакал да навлегувам у тие работи, затоа што јас сум у коалиција со нив. Не би сакал ја тензии да дигам сега, тоа нема потреба. Може сега чоекот у еуфорија го кажал. Го сфаќам у кој состојба се наоѓа и уште јас да го напаѓам не иде, не иде.

Има многу луѓе така не сакајќи ќе го фрлат муабетот. Со мене седат некои пратеници и некад ќе кажат циган. Јас не го напаѓам, јас кажувам дека он го кажал тоа не секајќи у еуфорија – вели Бајрам во прилично еуфорична изјава за Лидер.

поврзани објави

Последни објави