16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Циклон во Македонија – невреме ќе ја зафати земјава

Поради судир на две воздушни маси (потоплата од југ и посвежата од север) кој се во склоп на циклонот Глорија голема дестабилизација на времето очекуваме во среда кога во најголем дел од државава ќе се развива нестабилна облачност и истата ќе биде проследена со врнежи од дожд како и со појава на грмежи.

Поради доста загреаната атмосфера и исполнета со енергија но и поради судирот на веќе споменатите две воздушни маси (постудената и потоплата) локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер (над 80 км/час), силни електрични празнења како и со појава на град.

Поради значителното количество на воден талог за кратко време локално не се исклучува можноста и за поплавувања, информира метеорологот Славчо Попоски.

Од четврток температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен пади истите ќе се искачуваат во интервалот само од 22 до 30 степени што значи дека од четврток па натаму следува период на посвежо време со подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави