11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Премиерот Заев: Ми се обратија бизнисмени кои биле уценувани, јас лично го пријавив рекетот

На новинарско прашање дали бизнисмени кои биле уценувани му се јавиле да му се пожалат со цел да реагира, премиерот Заев одговори позитивно на прашањето односно потврди дека му се обратиле бизнисмени кои биле уценувани, а тоа тој како и секој граѓанин го пријавил во ОЈО.

„Да, се обратиле бизнисмени до мене кои не се од Скопје за оваа работа дека биле уценувани и секако се знае, како постапува секој граѓанин, така постапува и премиерот – го пријавил тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил“, изјави Зоран Заев.

Прочитајте повеќе вести: ВМРО-ДПМНЕ за „метлата“ на Заев: Ова е шминка и театар пред јавноста

По најавата за смена на стотина директори од страна на премиерот Зоран Заев, Благица Ласовска Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање одговори дека ова е само шминка и театар пред јавноста.

-Одлуката на премиерот и на владата за реконструкција на владата која што патем речено не беше реконструкција туку беше театар исто така и овие смени во вториот и во третиот ешалон ги коментираме како шминка и како театар пред јавноста, да се замаја јавноста. Ништо повеќе од тоа, изјави Ласовска.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави