16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

(ВИДЕО) Трамп: Нема шега со нас – соборивме ирански дрон, реакцијата од Иран ќе ве зачуди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека САД собориле ирански дрон, кој претставувал опасност за американски брод во Ормускиот Проток.

– Нема сомнеж, го собривме, категорично изјави Трамп.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, исто така, нагласи дека „не треба да постои сомнеж оти тоа беше ирански дрон“.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека САД собориле ирански дрон, туку дека тоа било американско беспилотно летало.

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимка за која вели дека го побива тврдењето на САД дека собориле иранско беспилотно летало над Ормускиот Теснец, бидејќи на неа е опфатен периодот откако наводно е уништен дронот.

Тие велат дека ова видео е во спротивност со временската рамка презентирана од Вашингтон, кој тврди дека го уништил беспилотното летало во четвртокот, и додаваат дека сите ирански беспилотни летала безбедно се вратиле во своите бази.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави