16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Марешки до Трамп: Запрете ја зделката за F-16 авиони, бугаринот живее бедно и мизерно со 600 долари

Лидерот на бугарската партија „Волја“ Веселин Марешки го покани американскиот претседател Доналд Трамп во Бугарија заради штотуку одобрената од парламентот зделка за купување на новите F-16 авиони од САД.

Во писмо до Белата куќа тој раскажува за лошите услови во Бугарија и го кани претседателот на САД во посета на Бугарија, за да го слушне гласот на граѓаните.

Претседателот на САД гледа да си ја продаде стоката, но има факти кои тој треба да ги знае. По однос на тоа ќе испратам писмо со прашања зошто најмоќната светска држава ја втерува во уште поголема мизерија најбедната држава во ЕУ. Го поканувам да дојде во Бугарија и да го слушне гласот на бугарскиот народ. Се надевам дека ова писмо ќе привлече внимание и во другите држави кои се членки на ЕУ, рече Марешки во своето обраќање.

Во писмото до Трамп, Марешки ја објаснува демографската катастрофа во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

Ќе се согласите со мене дека ако еден договор е добар, тогаш треба и двете страни да добијат нешто врз основа на тој договор. Во случајот, за жал, тоа не е така. Мојата земја со овој договор губи и тоа многу! Веројатно не ви кажале, но во моментов минималната плата во Бугарија изнесува 320 долари, средната околу 600 долари. Средната пензија е 224 долари. Секој ден родители на деца излегуваат со барање за донации бидејќи немаат доволно средства да си ги лекуваат сопствените деца. Младите семејства не можат нормално да си ги одгледуваат своите деца бидејќи платите се ниски. Според прогнозите, до 2050. година Бугарија демографски ќе биде пустина, доколку не се преземат соодветни мерки. Бугарија е најбедната држава на ЕУ, а бугарите се најниско платените со најнизок животен стандард.

Не воведувајте го во уште поголема мизерија нашиот достоинствен народ со илјадолетна историја и култура. Ќе допуштите ли тоа да тежи на вашата совест, вели Марешки во своето отворено писмо.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави