БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ги надмудрија СДСМ и ДУИ – го презедоа мнозинството во важна Комисија

145

Се отвара ли простор мнозинството во собраниските комисии да го преземе опозицијата откако Весел Мемеди од НДП кој беше во владината коалиција на Зоран Заев по оставката го наследи пратеничката Арта Точи од опозициската Алијанса на Албанците?

Судирот е меѓу владејчката ДУИ која смета дека Мемеди како пратеник од албанскиот болк на власта во комисиите треба да го наследи нејзин пратеник. Зијадин Села, пак претседателот на Алијансата веќе го известил претседателот на ком,исијата Илија Димовски дека местото на Мемеди ќе го заземе Точи.

Од Алијансата пак, велат дека Мемеди првично бил дел од колицијата на Алијансата, затоа и неговиот наследник се утврдил од листата на Села.

По долга расправа во која влста бараше одложување на точките, договор сепак не се постигна. Доколку Алијансата на Албанците го добие местото во собраниските клупи пресвртот најмногу ќе влијае на закнодавно-правната комисија која е задолжителна комисија за сите законски решенија кои стигнуваат во парламентот.

Од друга страна, пресврт власт – опозиција без промена на кадрите во комисиите денеска се случи на комсијата за избори и именувања. Таму опозициските ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА денеска успејаа да ја надгласаат владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, а до сега пратеникот Фадил Зендели често или не гласаше или гласаше во корист на власта.

Сепак, изменетиот распоред на силите во Собранието од 2016 година нема да предизвика други кадровски промени во собраниските тела, иако коалицијата на ВМРОД-ПМНЕ видно го намали бројот на пратениците.