Полицијата денеска во Кавадарци при претрес во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци П.А. пронашла над 1000 монети со археолошка вредност, кои биле пронајдени на разни локалитети во Македонија, дознава Centar.mk
Се чека потврда од МВР и подетални информации.
Ова е втор ден во низа како има големи полициски акции – Се чека потврда од МВР и подетални информации.
Основното јавно обвинителство во Скопје бара притвор за поранешниот директор на Централниот регистар, Андреа Поповски кој е осомничен за злоупотреба на службената должност. Всушност, според истрагата на Обвинителството, поранешниот директор Поповски, им нареди на службите на институцијата, на една работничка да ја водат како редовно вработена, но да не доаѓа на работното место поради партиски активности.
„Од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, прво осомничениот, како директор на Централниот регистар, со надминување на овластувањата на службеното овластување, усно наредил една вработена да се води како редовна на работа во месечните списоци подготвени од секторот за човечки ресурси, иако бил свесен дека вработената воопшто нема да дојде на работното место, туку ќе биде ангажиран во политички активности на политичка партија.
Ваквата листа била доставена до секторот за финансиски работи и според тоа, на вработената на незаконски начин и била исплатена платата и другите придонеси, што го оштетиле буџетот на институцијата“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.