fbpx
15.8 C
Skopje

Фејсбук дуел меѓу Јоци и Златев

АКТУЕЛНО

Јебеш ти држава во која една очајна, исфрустрирана, осамена и невработена личност како Јоци дава оцена за тоа кој е новинар а кој не.
Се сеќавава ли некој на нешто што било откриено од Јоци? Од кога тоа зајадливите коментари на фб се новинарство?

Личност која 20 години кариера поминала во “Скопска редакција”, не е квалификувана да биде новинар, а не па да оцрнува кој е новинар а кој не. Да имаше Јоци “новинарски нерв”, како што вели, ќе излезеше од теми за шахтите, пазарчето, канлизацијата… ќе откриеше некоја корупција, ќе направеше здрава политичка анализа.

Овој фејсбук статус го објави новинарот Златев на неговиот официјален фејсбук профил. Но, должна не му остана ниту искусната новинарка Јорданка Ивановска Јоци. Во продолжение статусот на Јоци:

Срце убаво тоа надркано, шахтосано, кавадаречко, никад непронајден, со поглед ко да ќе убие некој. Никад дел од интелектуала, никад дел од добри друштва, никад опкружен со паметни луѓе, напротив со жутозуби луѓенца, во вечна потрага по сам себе, идолатриски поклонет на Груевски.

Се сеќаваат Златев, и тоа како – министри и премиери. Имено и во Лондон предавав за корупција, на Универзитет. Јас сум за тебе Ајфел, одамна влезена во македонски новинарски анали со безброј признанија. На тебе никој не се сеќава пошто си петта класа. Одувек. И со такви си и опкружен.

И да, ја ќе кажувам кој е новинар. Него, не е паметно никад неспомнат од мене да се закачаш вака, не ? Ве екипираше Грујо ?
Изгледа си заборавил кога ме обожаваше во инбокс, ко член на СДСМ и трета придружничка со две леви нозе у кампања на Бетиан Китев.

Да те потсетам, ако не па, па сам да си избереш шахта да се удавиш у неа? Докторка на науки сум да те напикам у шахта.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -