13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во две возила „Пасат“ со лажни таблички пронајдени 9 мигранти од Ирак и Сирија

МВР и понатаму продолжува да лови шверцери на илегални мигранти, а најнов е случаот на автопатот ГП „Табановце“- Куманово

Вчера во 08.05 часот , на клучката кај с.Костурник, полициски службеници забележале две возила „Пасат“ со скопски регистарски ознаки од други возилa („Застава 126“, сопственост на П.К.М. (64) од Скопје и ПМВ „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С. (39) од с.Батинци, скопско) од кои излегувале девет лица-мигранти, три лица од Сирија и шест лица од Ирак.

Откако излегле мигрантите, возачите со возилата со голема брзина продолжиле кон Скопје. По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар за странци,  додека семејството со две малолетни деца ќе биде сместена во куќа за ранливи категории. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилата и за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави