Претседателот на МБП, Петар Колев, испрати писмо до општина Штип.
Ви го пренесуваме интегрално целото писмо..
Почитувани дами и господа,
Повеќе од 33 години на влезот од едно од најголемите, но и симболични училишта за нашиот град ОУ „ Ванчо Прке” , стои мермерна плоча со следната содржина:
„На ова место во злогласниот бугарски фашистички затвор масово се затварани борци-комунисти од 1941 до 1944 година. Во него се измачувани, убивани и масакрирани повеќе борци од НОВ. Во знак на почит кон затворениците-борци за слобода на Македонија плочата ја поставува општинскиот одбор на СЗБ од НОВ. 8.11.1983 г. ШТИП “
Убеден сум дека повеќето мои сограѓани безрезервно ги имаат прифатено како свои вредностите што промовираат дијалог, разбирање, соработка, добрососедво, развој и прогрес.
Нашата општина доби на подарок мостод владата на Р. Бугарија, изгради прекрасен мултимедијален центар кој чини стотици илјади евра со средства од програмата за трансгранична соработка со европска Бугарија. Исто така многу граѓани на Штип се и граѓани на Република Бугарија, но и многу се во процедура за добивање на државјанство. Многунаши сограѓани го завршија своето образование во некој од бугарските универзитети, други работат во некоја од бугарските компании во Македонија или во самата Бугарија. Голем дел од бизнисот на градот е дирекно или индирекно поврзан со Благоевград и други градови на нашиот источен сосед.
Имајки предвид дека коминистичкиот режим е објавен за злосторнички во сите источно-европски држави, вклучувајќи ја и Македонија, за што Собранието има донесено соодветна декларација, убеден сум дека содржината на таквиот текст кој пред се е исполнет со идеолошки предрасуди а не со факти, покажува недостиг на елементарно цивилизациско однесување.
Мислам дека новите генерации не би требало да бидат индоктринирани со стереотипи од комунистичката епоха. Убеден сум дека местото и на Штип и на Македонија е во семејството на Европската Унија, семејство во кое веќе се наоѓа Република Бугарија и која би можела да биде од огромна помош за нашата интеграција.
За волја на вистината, ние како штипјани добро знаеме дека во периодот од 1941-44 г.не е откриена ниту една масовна гробница, ниту пак имаме информација и докази за масакрирање и измачување на кој и да е наш сограѓанин.
Да, постоеле вооружени конфликти помеѓу партизаните и органите на тогашната власт, но тие конфликти биле од идеолошка природа. Сите загинати партизани се во директен вооружен судир, а не масакрирани, измачувани или убивани како мирни граѓани.
Немам ништо против од тоа да има обележје за загинатите од тој период, но не мислам дека обележје со таква содржина треба да се наоѓа на влезот од училиште и учениците секојдневно да го гледаат, затоа што таквата агресивноста во текстот е и една од причините за најголемиот вооружен конфликт во историјата на човештвото.
И за да бидам разбран правилно и да не бидам обвинат за тенденциозност ќе споменам неколку факти. На училиштето „Гоце Делче” во Штип, нема плоча со текст во кој се опишува како е убиен од турците или што правеле турците во Штип. На ниту едно друго училиште во градот нема плоча за српската окупација на градот. Никаде не можете да видите плоча за комунистичкиот режим и штипјани осудени и испратени во затвор во Идризово или Голи оток. Уште помалку пак ке видите плоча за убиените од комунистите.
Верувам дека местото на таа и на неа слични плочи е во музеј, како експонат на едно минато искуство низ кое поминала нашата земја, искуство кое доминирало во втората половина на XX век и кое денеска најчесто се изучува и компарира со фашизмот,сталинизмот или нацизмот како форми на тоталитаризмот“, се вели во писмото на Колев.