23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Дел од вработените во МПМ штрајкуваат – си ги бараат заработените пари

Дел од вработените во Медија принт Македонија (МПМ) денес повторно штрајкуваа, откако велат дека им доцнат со исплаќање на платите, како и заработените хонорари.

Во МПМ се наоѓаат трите дневни весници „Утрински“, „Вест“ и „Дневник“, како и спортскиот весник „Македонски спорт“. Покрај штрајкот на дел од вработените од овие весници, поддршка добија и од Здружението на новинарите на Македонија.

„Сакаме да ги потсетиме сопствениците на МПМ дека со кршењето на социјалните права на новинарите, не ги прекршуваат само нивните работнички права, туку тоа е силен удар врз слободата на медиумите. Политичките и економските интереси не смеат да бидат товар врз грбот на новинарите“, истакнаа од ЗНМ.

поврзани објави

Последни објави