23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Жерновски ќе се кандидира за градоначалник на Центар, очекува поддршка од СДСМ

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски преку социјалните мрежи најави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на оваа општина.

„Постапките во СДСМ за избор на кандидати за градоначалници и советници се започнати и ќе траат до средината на март. Од она што го знам, и што ме прави горд, јас сум предложен од речиси сите месни одбори. Денеска ќе ја предадам мојата програма, согласно партиските процедури. Исто така, според последните истражувања, две третини од центарци се задоволни од мојата и наша работа, а преку 60% би дале поддршка за повторна кандидатура. Тоа, за мене, претставува огромна чест, но и обврска. Ја очекувам поддршката од СДСМ за мојата кандидатура и верувам дека така ќе биде“, вели Жерновски.

Како за крај, тој додава и дека е цврсто убеден и дека на локалните избори СДСМ ќе освои градоначалник и во Град Скопје.

поврзани објави

Последни објави