13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

СДСМ добила документ со решенија од ДУИ, работната група го разгледува

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Заев истакна дека не знае што содржи документот, кој го разгледува работната група составена од Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски.

„За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме“, изјави Заев.

Тој истакна и дека составување на Влада е потребно, за да бидат испочитувани и роковите за распишување на локални избори, кои би требало да се одржат околу 7 или 14 мај.

Од страна на ДУИ сега го очекуваат повратниот одговор од страна на СДСМ, по што ќе се состане централното претседателство и ќе биде одлучено за составување на новата Влада.

поврзани објави

Последни објави