-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

Груевски: СДСМ е цврсто влезен со намера да направи редефинирање на државата!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека неговата партија и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стојат цврсто во било која ситуација на бедемот на одбраната на државните и националните интереси.

„СДСМ и ДУИ сакаат да направат дефакторизација на македонскиот народ. Она што сега се случува покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стои цврсто во било која ситуација на браникот  и одбраната  на државата и националните интереси“, рече Груевски

Тој додаде дека, му укажува на секој којшто сака да се коцка со државните и националните интереси дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за тие државни и национални интереси.

Она што може да видиме, рече Груевски, е обид на СДСМ и ДУИ да направат дефакторизација на Македонците, на македонскиот народ, но и на другите етнички заедници како Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите.

„Гледаме дека ни се случува она што ние го предвидовме на изборите и го испративме како порака до граѓаните на сите митинзи, на сите телевизиски настапи и во сите ситуации кога кажувавме дека СДСМ подготвува редефинирање на државата, дека подготвува нешто што нема да му се допадне на македонскиот народ, но и на другите помали етнички заедници во Република Македонија, дека тоа треба да се спречи, дека тоа ќе следува. Можеби некој во тие моменти не го сфаќаа толку сериозно тоа што СДСМ го најави, некој го препозна, некој не, некој мислеше дека тоа е дел од нашата кампања, но времето покажа и еве сега времето на дело покажува кажува дека СДСМ е цврсто влезена со намера за редефинирање на Република Македонија“, истакна Груевски.

Груевски нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува.

поврзани објави

Последни објави