13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Богоев: Веднаш да прекинат заканите, а студентите без страв да пријават закани и уцени!

Претседателот на СДММ и пратеник од редовите на СДСМ, Стефан Богоев повикува веднаш да прекинат заканите, а студентите без страв да пријават закани и уцени!
Ви ја пренесуваме интегрално реакцијата на Богоев:
Закани, уцени, притисоци од млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ до студентите сместени во студентски домови. Оделе по сите соби и се заканувале на студентите за да излезат денес на партиски, студентски марш. 
Веднаш да прекинат заканите, а студентите без страв да пријават закани и уцени!
Да се ангажиравте вака за подигање на студентскиот стандард и реновирање на домовите сега којзнае каде ќе бевме!

поврзани објави

Последни објави