„Ставовите за тоа дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија не се точни и се грешка“, смета Албанскиот претседател Бујар Нишани. Тој во интервју за тиранската телевизија Ора Њус рече дека Албанците се државотворен фактор во земјата и нивните барања се легитимни.
„Не се мешаме во внатрешните работи на никого, но Уставот не обврзува да ги заштитуваме Албанците. Албанија, посочува во интервјуто, е заинтересирана, придонесувала и придонесува за стабилноста на Македонија, за развојот и зацвстувањето на меѓусоседските односи со Македонија. Постои димензија многу позначајна во оваа посветеност на Албанија поради фактот дека Албанците се државотворен фактор во Македонија и несомнено во овој контекст, не само како државотворен фактор, туку и како определба и обврска од Уставот на Република Албанија, Албанија има уставна одговорност да ги подржува и да се интересира околу почитувањето на правата и слободите на Албанците каде и да живеат“, изјави Нишани.