11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВИДЕО: Српски историчари и новинари – Македонија е вештачка држава, Македонците ги измисли Тито!

 Во емисијата „Кирилица“ на ТВ ХЕПИ, српски историчари и новинари зборувајќи за Македонија велат дека е слаба и вештачка држава, која е создадена во последниот пола век, а Македонците ги измислил Тито.

„Како Македонија настанала? Не знаеме како настанала? Да не ве потсетувам јас. Оваа е една слаба и вештачка држава, секако дека е подложна на вакви искушенија. Кој и да знае барем малку историја, ќе знае дека слабата точка на Балканот е Македонија, а не Босна. Тоа е точка во која се спојуваат интересите на Бугарија, Србија, Грција, а сега и Албанија. Каква е тоа нација? Па Македонците ги измисли Тито. Тито им измисли јазик, црква, идентитет. Они се создадени во последниот пола век“, вели српскиот историчар Милан Протиќ.

Нека го гледат ова ВМРО, Xorxe и Груевски и сите другi кои се македонци, да видат не што мислат во Београд, него што зборуват милениците на Миленко, Јанко, Ефтов за македонците во програмата кирилица на Марич.Затоа се чудам кога гледам протести во Скопје против Албанците.Овие кои протестират во Скопје повечето се серби него македонци!

Posted by Tim Shkupi on Thursday, March 9, 2017

Тој прашува каква е таа држава, на која соседите не и признаваат име, јазик, националност и црква.

„Ние Македонија ја признавме. Македонија има реален проблем. Грција не и го признава името, Бугарија не им го признава ниту јазикот, ниту националност, Србија не и ја признава црквата. Каква е тоа држава,“ прашува Протиќ.

Во прилог видео од целата емисија.

 

поврзани објави

Последни објави