23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Командат Нацист со закана до Иванов: Ќе видиш колку ти е подготвена АРМ

Љирим Јакупи или подобро познат како командант Нацист преку медиумите во Албанија испрати порака до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

„АРМ наскоро ќе треба да си ги одмери силите со нашите борци кои се подготвени максимално. Имаме околу 80 борци на Шара, а наскоро ќе ја прогласиме Република Илирида“, истакнува командант Нацист.

Јакупи е еден од најбараните терористи на овие простори, а во акцијата кај Бродец беше повреден од страна на македонските специјалци, каде ранет побегна во Косово.

И покрај овие најави во медиумите во Албанија, не е сигурно дали лицето кое се претставува како командант Нацист е навистина Јакупи, кој меѓу другото порача и дека се обраќа во име на УЧК група од Тетово.

поврзани објави

Последни објави