27.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Денес наместо марш ќе има музички спектакл

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денес ќе излезе на улиците во Скопје, но не на марш како во претходните денови, туку на музички хепенинг.

Како што најавија организаторите, во 13 часот на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се организира музички концерт, каде учество ќе земат Даниел Кајмакоски и групата „Паркети“.

Маршот на улиците ширум државата трае веќе 12 денови, а истиот ќе продолжи се додека не бидат прифатени нивните четири барања. На вчерашниот марш пред Владата и Собранието може да се видат и трактори и комбајни.

поврзани објави

Последни објави