13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Богоев: Студентите плаќаат повисока цена на паркингот кај УКИМ!

Пратеникот од СДСМ и претседател на СДММ, Стефан Богоев на својот профил на Фејсбук реагираше за цената која студентите ја плаќаат на паркингот на УКИМ.

„Кој им го прави ова на студентите на УКИМ? 1 час паркинг до скоро чинеше 10, а сега дури 30 денари на кампусот!
Паркингот треба да биде бесплатен и да се влегува само со студентска картичка! Картичка која ќе обезбеди разни бенефиции за студентите“, напиша Богоев.

поврзани објави

Последни објави