fbpx
11.8 C
Skopje

Академик Маџунков: МАНУ да ја отфрли тиранската платформа (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Академик Митко Маџунков денеска на 50. годишното Собрание на МАНУ повика да ја отфрли „тиранската“ платформа како акт во кој се чувствува „експанзионистичката политика“.

„Сегашната ситуација по објавувањето на платформата, бара од нас јасно и недвосмислено да застанеме во одбрана на нашата татковина и да се изјасниме околу прашањата од кои зависи нашето национално достоинство, нашиот опстанок и иднина. И во минатото, нашата академија се изјаснувала околу  виталните општествени прашања. Првото, меѓу нив, е името на државата, која не би смеело да биде предмет на преговори. МАНУ се има изјаснето и за единственоста и неделивоста на Македонија, без оглед дали ставовите на одделни академици биле погрешно интерпертирани, МАНУ ја отфрли идејата за поделбата на Македонија, а тогашниот претседател на нашата академија беше сменет“, вели Маџунков.

Според Маџунков, платформата ги повредува чувствата на Македонците под закрила на меѓународната заедница и сега е ред на Албанците да се извинат за тоа. За Маџунков сите точки на платформата се ултранационалистички и неприфатливи и тоа е акт за формирање голема Албанија кој треба да биде отфрлен од МАНУ како акт во кој се чувствува експанзионистичката политика од призренската лига.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -