23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Ердоган: Холанѓаните ги помниме по колежот во Сребреница

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека  Холандија и Холанѓаните ги паметеле по колежот во Сребреница.

Изјавата доаѓа неколку денови откако ѓи нарече Холанѓаните „нацистички остатоци“ и „фашисти“.

Претходно, Холандија протера министерка од Турција, а протестите во Ротердам прераснаа во насилство и безредие, во кое беа уапсени најмалку 12 учесници од протестите.

Холандскиот контингент во мировните сили на Обединетите Нации беше одговорен за енклавата Сребреница во 1995, кога босанските српски сили убија околу 8.000 муслимани мажи и момчиња.

поврзани објави

Последни објави