fbpx
18.8 C
Skopje

Европратениците со законски предлог со кој се бара намалување на фрлањето на храната

АКТУЕЛНО

Европратениците посакуваат преработката на отпадот да достигне 70 отсто до 2030 година, наспроти сегашниве 44 проценти, а истовремено отпадот кој ќе завршува во депониите да биде ограничен само на 5 отсто. Ова е дел од законскиот предлог на европратениците од така наречениот „пакет за отпад“, со кој се бара намалување на фрлањето на храната за 50 проценти до 2020 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур, .

Кога ќе се погледнат статистиките на сите општини од ЕУ, само 44 отсто од отпадот е преработен. Оваа бројка беше 31 процент во 2004. А целта е до 2020 година да биде зголемена преработката на отпадот на 50 отсто.

До 2030 година, најмалку 70 проценти од тежината на така наречениот општински отпад, кој доаѓа од домаќинствата и претпријатијата треба да биде преработен со цел да биде повторно искористен, односно контролиран, исчистен или поправен, се заложија европратениците, додека Европската комисија предложи цел да биде 65 отсто од отпадот.

За амбалажата, како хартијата, пластиката, стаклото, металот или дрвото, европратениците предлагаат преработените или повторно искористени материјали да достигнат 80 проценти до 2030 година.

Пратениците побараа повеќе и за отпадот кој ќе завршува на депониите од иницијално предложените 10 отсто, на само 5 проценти до 2030 година, иако постои можбност за продолжување на овој рок за пет години за земјите кои над 65 отсто од општинскиот отпад го фрлаа на депонии. Некои земји како Кипар, Грција, Летонија, Малта и Романија се уште три четвртини од отпадот го фрлаат на депонии.

Фрлањето на храната е друг проблем во развиена Европа и се проценува дека во ѓубре завршуваат 89 милиони тони на храна, односно 180 кг по жител годишно. Европратениците зацртаа за цел намалување на фрлената храна за 30 отсто до 2025 и за 50 проценти до 2030 во споредба со 2014 година.

Интересно е што во 2014 година, Австрија, Белгија, Данска, Германија, Холандија и Шведска не испратија никаков општински отпад на депониите.

Според проценките подобрувањето на управувањето со отпадот има бројни предности за природната средина и климата, но и за здравјето на луѓето и економијата. Во рамките на промените на европската политика за циркуларна економија, Европската комисија предложи воведување на нови цели за управување со отпадот, односно негово повторно користење, рциклирање или ставање во депонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -