fbpx
8.8 C
Skopje

СЈО откри 66 909 избришани аудио фајлови, Заев незаконски прислушуван на два телефонски броеви

АКТУЕЛНО

Специјалното јавно обвинителство во својот најнов извештај наведува дека се обработени 45% од вкупниот број аудио фајлови, а изработени се 960 транскрипти каде што има индиции дека е сторено кривично дело. Обвинителката Катица Јанева пишува дека е во тек одвојување на приватните разговори.

Од вкупно 272 950, издвоени се 90 618 аудио фајлови со траење од 2030 часа кои се приватни разговори.

Од СЈО истакнуваат дека преку информатичко форензички софтверски решенија откриле нови избиришани разговори.

Во извештајниот период ова Јавно обвинителство се стекна со специјализирани информатичко форензички софтверски решенија со чија помош се откриени уште 66 909 избришани аудио фајлови, со тоа што вкупната бројка на аудио фајлови се искачи на 606 555. На овие фајлови, како и на претходните 540 646 е извршен електронски попис кој се наоѓа на вкупно 15 906 страници во електронска форма. При попишувањето е утврдено дека времетраењето на сите аудио фајлови изнесува 13 200 часа“, пишува во извештајот на СЈО.

Од таму посочуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев бил незаконски прислушуван на два телефонски броеви.

„При извршената анализа на овој хард диск од страна на ова Јавно обвинителство констатирано е дека се генерирани фајлови од активност на апликација која бележи комуникација помеѓу два телефонски броеви каде што таргет е лицето Зоран Заев, а самите генерирани фајлови и обработката на истите укажуваат дека комуникациите биле следени без издадени судски наредби, односно незаконски. Од страна на ова Јавно обвинителство извршен е електронски попис на овие материјали кој е сочинет на 27 189 страници во електронска форма. При тоа, детектирани се 31 495 аудио фајлови со времетраење од 671 час и 72 513 СМС пораки кои биле цел на апликацијата која бележи комуникација помеѓу два телефонски броеви“, стои во извештајот.

Јанева во извештајот пишува дека во текот на овие шест месеци СЈО иницирало 14 нови предистражни постапки

„Доколку се земат предвид 54 предистражни постапки отворени од неговото формирање па заклучно со вториот извештаен период, во моментот во работа има вкупно 68 предмети кои се во фаза на предистражна постапка“, пишува во извештајот на Специјалното јавно обвинителство.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -