12.8 C
Skopje
Saturday, March 15, 2025

Ангелов: Јасно е дека ДПМНЕ ги организира протестите, Иванов двапати го прекрши Уставот

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов денес на прес-конференција зборуваше за моменталната ситуација во државата, каде порача дека сега е видливо јасно кој е вистинскиот организатор на протестите кои на јавноста им се познати како „За заедничка Македонија“.

„Верувам дека тие граѓани кои излегуваат на протест мислат дека навистина ја бранат унитарноста на државата иако не се свесни дека на тој начин можат само да ја загрозат унитарноста на Република Македонија“, изјави Ангелов.

Покрај ова, Ангелов тврди и дека претседателот Ѓорге Иванов двапати го прекршил Уставот на РМ, најпрво кога побарал потписи од Заев и подоцна откако постави услов за формирање влада.

Од Достоинство ја осудија и изјавата на претеничката од албанскиот парламент, Дода која ја посочија како крајно потпалувачка, провокативна и непријателска.

поврзани објави

Последни објави