fbpx
6.8 C
Skopje

Апелација пресуди: Притвор за Сеад Кочан

АКТУЕЛНО

Апелациониот суд денес ја разгледа жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, по што дел од неа прифати, но дел отфрли. Судот не е сигурен дали Кочан би влијаел врз сведоци или би уништил докази, но е сигурен дека постои опасност од бегство.

Веројатно тоа се должи и на фактот што Кочан веќе една седмица е недостапен за полицијата, која за него распиша и меѓународна потерница. Неговиот адвокат посочи дека тој е на службен пат.

Инаку Сеад Кочан е сопственик и на телевизија Нова, од каде сметаат дека ова е обид за замолчување на телевизијата. Но, и покрај ваквиот став СЈО не побара ниту замрзнување на имотот, ниту пак блокирање на сметките на фирмите на Кочан.

Од страна на СЈО под истрага е фирмата Трансмет каде Кочан е раководител, а покрај него осомничени се уште две лица дека фалсификувале документи преку кои добиле тендер тежок 17 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -