13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ЈО отвори две истражни постапки за изборни нерегуларности за изборите од 2014 година

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за Претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година.

Во истражните постапки опфатени се повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи претставници на Министерството за внатрешни работи, на локална самоуправа и носители на високи функции во одредена политичка партија. Постои основано сомнение дека осомничените како организирани групи го сториле делото преку нудење, давање или ветување на подарок или друга корист за да придобијат лица со избирачко право. Влијанието над лицата од две изборни единици, имало за цел определен начин на вршење на избирачкото право“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

поврзани објави

Последни објави