6.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

Груевски: Го исполнуваме ветеното во мигови на исклучителна сложеност на работите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот профил на Фејсбук пишува дека дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите во земјата, тие продолжуваат да работат и да го исполнуваат ветеното за граѓаните.

„Република Македонија од својата самостојност до денес се соочува можеби со еден од најчувствителните периоди, важни за нејзиното понатамошно функционирање и постоење. Народот и сите граѓани покажуваат исклучителна зрелост и го препознаваат моментот кога треба да се одбрани суверенитетот и нејзиниот граѓански карактер. Дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите ние продолжуваме да работиме и да го исполнуваме ветеното за граѓаните.

Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра. Овој гасовод ќе биде готов за околу 2 години, а во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој ќе биде готов до крајот на оваа година. Веќе е познато дека се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства. Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓудругото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот.

Овој проект е од значење за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци. Ова е проект со опиплива вредност за реалниот живот на граѓаните и на овој начин докажуваме дека решавањето на секојдневните проблеми е реперот по кој треба да се вреднува нашата работа, за сметка на наметнувањето на теми кои произведуваат поделби, конфликтност и раздор, како што тоа го прави СДСМ, теми кои се опасни за граѓанското единство. Народот е мудар и јас цврсто верувам дека сите ние ќе излеземе посилни од кризата која ни ја наметнаа. Продолжуваме непоколебливо и силно да работиме за остварување на ветеното, реализирајќи проекти за подобар живот на граѓаните“, пишува Груевски на Фејсбук.

Република Македонија од својата самостојност до денес се соочува можеби со еден од најчувствителните периоди, важни за…

Posted by Nikola Gruevski on Friday, March 17, 2017

поврзани објави

Последни објави