Mладите јуниорски ракометни репрезентативки на Македонија изборија пласман на Европското првенсто кое оваа година ќе се одржи во Словенија, откако во одлучувачкиот натрпевар славеа против Фарските Острови со 23-19 и стигна до второто место во групата кое водеше на ЕП.
Јуниорките на Фарските Острови мечот го отворија многу подобро од нашите и го држеа водството, сепак нашите надежи го свртеа резултатот и на пауза се замина со 15-11 во наша полза.
Фарксите Острови се бореа да го намалат резултатот но предноста не се спушташе повеќе од 2. Сепак нашите надежи ја зачуваа предноста и со победа од 23-19 обезбедија пласман на ЕП и докажаа дека македонскиот женски ракомет има иднина.
Предводнички на овој триумф беа Гичевска и Гајиќ кој дадоа 7 односно 6. Покрај Македонија, пласман обезбеди и Унгарија која е прва во групата, трети на крај се Фарските Острови додека последни се Молдавките.