Обожавателите на филмот „Матрикс“ конечно ќе се израдуваат. Имено, Warner Bross официјално објави дека размислуваат за повторно снимање на овој научно–фантастичен акционен филм, пренесува „Elite Daily“.
Сè уште не е јасно како ќе изгледа овој римејк, односно дали ќе се сними како филм или како серија, но познато е дека сценаристот на „Матрикс“, Зак Пен, ќе го напише сценариото и за него.
Иако тоа сè уште не е официјално потврдено, улогата на Нио која ја глумеше Кијану Ривс би требало да ја добие Мајкл Б. Џордан кој е познат по улогите во филмовите „Creed“ и „Fruitvale Station“.
Кога во 1999 година „Матрикс“ беше пуштен во кината, стана инстант филмска сензација и ги освои срцата на публиката и критиката. 52–годишниот Кијану Ривс неодамна повторно работел со поранешниот колега од „Матрикс“, Лоренс Фишбурн, на снимањето на филмот „John Wick: Chapter 2“.