3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

Сите 17 приговори одбиени на судиите од Кривичен

Сите 17 приговори на судиите на Основен суд Скопје 1 Скопје изјавени против Годишниот распоред за работа на судиите на Основен суjoд Скопје 1 Скопје за 2017 година денеска се одбиени, соопштуваат од Врховниот суд.

Зад затворени врати, Судот и одлучи да ги одбие сите приговори што ги поднесоа 17-те судии, кои се жалеа на последниот годишен распоред кој го направи в.д. претседателот на кривичниот суд, Стојанче Рибарев. Со распоредот, тие беа деградирани и тргнати од одделите каде што пристигнуваат предметите од СЈО.

Судот го одби и приговорот што го поднесе врховната судијка Лидија Неделкова, која реагираше откако претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја тргна од Кривичниот совет, а со самото тоа, беше оневозможена да работи на предметот за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој се наоѓа во бегство.

На истата седница, беше донесена одлука дека Вангеловски останува дел од Кривичниот совет кој ќе одлучува за притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, односно, одбиено е барањето на СЈО за негово изземање, поради неговата поврзаност со „бомбите“.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави