18.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Педесетина свињи секоја сезона намерно се пуштаат на депонија во Прилепско, а потоа на пазар

Покрај тоните ѓубре, екипата на ТВ21 при посетата на депонијата „Мегленци“, сместена среде Пелагонија, била пречекана и од десетина свињи. Од соговорниците дознале дека најмалку двапати годишно педесетина свињи се пуштаат кај депонијата за гоење, па на есен се продаваат на добиточните пазари.

Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.

Агенцијата за храна во последниов период е мошне агилна, па не би било лошо да пушти теренски екипи и да ги открие овие случаи, бидејќи, пшоследиците по здравјето на потрошувачите можат да бидат несогледливи.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави