14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Поглаварот Стефан има нов џип и не е мерцедес – еве во што се вози

Омилена тема на разговор меѓу луѓето е во што се возат владиците и свештениците. Не поминува ниту еден коментар, без споменување на џиповите. За воља на вистината, информациите на Галама велат дека досега, Владиката Стефан и не се возел во џип, туку во половен мерцедес R класа, од 2006 година.

Но неодамна, го забележавме владиката пред една скопска црква, како излегува од џип Шкода Кодиак.

Го отворивме ценовникот на официјалниот увозник на Шкода автомобили за Македонија и видовме дека цените се движат од 23 до 40 илјади евра, за ваков нов автомобил, а во зависност од нивото на опременост.

Ние немаме информација дали џипот во кој се вози владиката е нов, или купен половен, или можеби црквата го добила како донација. Како и да е, ние не го делиме мислењето дека владиката треба да оди пешки или на магаре. Дури и џипот да е купен нов, цената на овој бренд автомобили не достигнува вртоглави цифри.

На крајот на краиштата, зошто не би имале проблем некое “директорче” или градоначалник да купи возило од 30-40 илјади евра, а се револтираме кога ќе слушнеме дека некој од владиците се вози во џип.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави