6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Координативната седница тече, договор нема

Координативната средба во Собранието тече, но никако не успева да се дојде до заеднички јазик помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи и двете страни не отстапуваат од своите ставови.

По речиси два часа дебата, страните се договорија за пауза, по што координативната средба продолжи во 15:30 часот. Оваа комисија е клучна за продолжување на коститутивната седница на Собранието.

Токму таа седница е важна за продолжување на седницата која беше прекината на 30 декември, затоа што откако истата ќе продолжи ќе биде избран и претседател на Собранието.

Вчера имало договор ВМРО-ДПМНЕ да има шест членови, СДСМ 5, додека ДУИ и БЕСА по еден член. Проблем претставува тоа кој да биде претседател на комисијата.

поврзани објави

Последни објави