13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

„И ЈАС И СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ ГО САКАМЕ СРПСКИОТ НАРОД КАКО НАЈПРИЈАТЕЛСКИ“

„Само можам да изразам комплименти за соработката која ја имаме и на ниво на претседатели на држава и на влади, на ниво на министри. Пред сè на ниво на граѓани, кои пред сè се почитуваат, се сакаат и, како што често пати кажува претседателот на Србија, дека тој го сака многу македонскиот народ, исто можам да кажам дека и јас и сите наши граѓани го сакаат српскиот народ како еден од најпријателските“ – рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, по билатералната средба во Белград и потпишувањето „Меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси“ помеѓу двете земји.

– Сакам да ѝ се заблагодарам на премиерката на Србија и на Владата што веќе од утре започнуваме заеднички да го подготвуваме презентирањето на Северна Македонија на „World Expo“ што ќе се одржи во Белград во 2027 година. Ние навистина бевме едни од најсилните поддржувачи домаќин на „World Expo 2027“ да биде Србија како наш прв сосед и држава со која немаме ни едно отворено прашање. Нашите состаноци се многу конкретни, секогаш во пријателска атмосфера и како што гледате на секој состанок има конкретни резултати од кои бенефит имаат и нашите граѓани и нашите компании – рече Ковачевски.

Одличните односи и своите чувства кон Србија македонскиот премиер ги манифестираше и на синоќешната седенка во еден белградски ресторан, во друштво со претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ. Ковачевски толку се опушти па ја запеа песната на Харис Џиновиќ, „Дајте вина хоќу лом, хоќу цигане на сто“, што дури и престана да внимава на користење политички коректен речник, кој не му дозволува нашите сограѓани Роми да ги нарекува „Цигани“. Пред три години, да потсетиме, по интервенција токму на владата, а по барање на невладини организации, од Толковниот речник на македонскиот јазик, беа избришани редица зборови (циган, циганија, циганење, циганштија..) кои можат да бидат навредливи за Ромите.

Би било интересно да се види што мислат нашите сограѓани Роми за изборот на репертоарот на Ковачевски, или пак нашите сограѓани Албанци, за неговата изјава дека „сите наши сограѓани ги сакаат Србите како најпријателски народ“.

поврзани објави

Последни објави