-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

Ова е причината за ТЕПАЧКА меѓу патник и возач на ЈСП

spot_img

Автобус без светлечки број беше причина за физичка пресметка меѓу возач на ЈСП и патник

До вербална, а подоцна и до физичка пресметка дојде откако еден од патниците реагираше до возачот поради тоа што светлечката ознака за бројот на автобусот не работеше, туку беше напишан на обичен лист хартија, пишува 360 степени.

Кога влезе во автобусот, патникот го искина листот на кој беше испишан бројот 7 што го означуваше бројот на автобусот
Автобус на ЈСП со број 7 вечерва беше место на физичка пресметка меѓу возачот на автобусот и еден од патниците. Инцидентот се случи околу 17:15 часот, кога автобусот застана на постојката кај Трговскиот центар „Веро Џамбо“. До вербална расправија дојде откако еден од патниците реагираше до возачот поради тоа што светлечката ознака за бројот на автобусот не работеше, а бројот беше напишан на обичен лист хартија.

Кога влезе во автобусот, патникот го искина листот на кој беше испишан бројот 7.

Возачот го опомена дека тоа не е во ред и рече оти нема да вози поради таквото однесување.

„Уредно ви плаќам карта, а броевите не ви светат, треба да трчам и пред автобус да застанам за да видам кој број е“,

рече патникот.
По кратката вербална расправија, надвор од автобусот почна и физичка пресметка помеѓу патникот и двајцата возачи на ЈСП, кои во тој момент беа во автобусот и си ја предаваа смената. Никој од нив не беше повреден.

За кратко тројцата повторно се качија во автобусот, а еден од возачите повика полиција.

поврзани објави

Последни објави