4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Нема преминување граница со лична карта со името „Република Македонија“ по 12 февруари

САМО СО ПАСОШ ИЛИ НОВА ЛИЧНА КАРТА

Нема преминување граница со лична карта со името „Република Македонија“ по 12 февруари

Со личните карти кои се со важечки рок, а се со името „Република Македонија“, нема може да преминете граница.

Нема преминување граница со лична карта со името „Република Македонија“ по 12 февруари
Личните карти со името „Република Македонија“ продолжуваат да важат и по 12 февруари, информираше вчера Министерството за внатрешни работи.

Но, ова се однесува само за внатрешна употреба на документот. Односно, граѓаните ќе можат да ги завршат сите свои обврски и да ги остварат своите права и со личната карта чиј рок не е истечен, а е со името „Република Македонија“, појаснуваат од МВР за Курир.

Личните карти со „Република Македонија“ по 12 февруари ќе важат при остварување на банкарски услуги, подигнување на поштенски пратки, вадење на изводи и други потреби на граѓаните.

Преминување на граничните премини по 12 февруари со овие лични карти нема да биде можно. Тоа значи дека влез во државите со кои Македонија има потпишано билателарни договори, ќе биде можен со патна исправа (пасош) или со лична карта со името „Република Северна Македонија“. Со личните карти кои се со важечки рок, а се со името „Република Македонија“, нема може да преминете граница.

Со лична карта, македонските државјани можат да патуваат во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -