13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Зоран Коцевски удри по Ковачевски: Има ли висок функционер од власта блиски роднини или соработници кои не се вработени во М-НАВ?

Пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко го нападна по премиерот Димитар Ковачевски, за кого вели дека не изустил ниту збор за нападот кој се случил во Контролата на летање, нешто кое тој лично го окаректиризирува како терористички акт кој немал да помине неказнето во ниту една нормална држава.

Во продолжение во целост Ви го пренесуваме ставот на Коцевски објавен на неговата официјална фејсбук страница:

– Има ли висок функционер од власта блиски роднини или соработници кои не се вработени во М-НАВ?

И додека царува непотизмот и партиските вработувања од СДС-ДУИ, Ковачевски не смее да изусти ниту збор за упадот на аеродромот, нешто кое ќе се сметаше за терористички акт во секоја нормална држава!

Патем, кога сме кај одговорноста, до каде е истрагата за аферата на Онкологија? МВР на Оливер Спасовски, Јавното Обвинителство на СДС и ДУИ, каде се?!

поврзани објави

Последни објави