21.8 C
Skopje
Saturday, July 13, 2024

Нека е аирлија! Започна постапката за изградба на нова училишна зграда во Ченто!

Нека е аирлија. Започна постапката за изградба на новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, истакна градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Утрово ја потпишав Одлуката за спроведување на постапка за избор на економски оператор кој ќе ја реализира изградбата на новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто. Претходно ги завршивме сите потребни административни постапки и како локална самоуправа создадовме услови да се отпочне со последниот чекор за избор на изведувач на градежните работи. Среќен сум, а вооедно и горд што токму во мојот мандат како градоначалник на општина Гази Баба ќе се реализира овој капитален проект кој на граѓаните на Ченто им беше ветуван години наназад, посочи тој.

Стефковски порача дека ова е време на големи дела.

поврзани објави

Последни објави