13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Георгиевски удри по Бугарија: Со ветото направивте најголемо србизирање на македонскиот во сите сфери од животот!

Екс премиерот Љубчло Георгиевски во гостувањето на Коридор 8 зборуваше за македонско-бугарските односи и ја критикуваше соседна Бугарија поради ветото кое го стави на Македонија, поради кое како што вели се случува најголемото србизирање на македонскиот народ.

До вчера гледавме телевизии, кои продолжуваа офанзивно да ја бранат Македонија од таканаречената „бугаризација“. Додека трае битката против бугаризацијата, јас сум сведок на најголемата србизација на Македонија досега. Но, со ветото се отвори процесот на отвореното србизирање на македонското општество, на начин на кој што јас во моите 50 години не сум бил сведок. Ниту во Југославија немаше таков интензитет, на србизирање на македонскиот народ, како што тоа се случува во последните неколку години во нашето општество. Денеска имаме отворено србизирање на македонскиот народ и тоа во сите сфери на животот. Но за тоа највиновни се токму оние кои се држат до ветото од Бугарија, а кои со ова не вратија назад 50 години, рече Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави