14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од утре продолжува собранискиот маратон

По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија утре ќе ја продолжи конститутивната седница на која ќе се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Почетокот на 13 продолжение на седницата е закажано во 11 часот.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, излезот од политичката криза е во распишување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот деловник и бараат да се премине на новата точка – избор на претседател на Собранието.

 

поврзани објави

Последни објави