8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ЕK бара преразгледување на односите со Турција

Европската комисија ги повика земјите-членки да ги преразгледаат своите односи со Турција по референдумот таму, што му даде поголеми овластувања на претседателот Ердоган. Комесарот за проширување Јоханес Хан ги повика министрите за надворешни работи на ЕУ да ја посветат петочната средба во Малта на односите со Турција.

„Сегашната ситуација не е одржлива и треба да се најде формула со која да се намали меѓусебната фрустрација и да се зајакне соработката“, истакна Јоханес Хан. Тој додаде дека ја споделува загриженоста на Советот на Европа, дека уставните измени на Ердоган „се опасен чекор назад“ за демократијата во Турција. Според еврокомесарот, ЕУ може да ја зајакне соработката со Турција, во области, кои не влијаат пристапувањето на земјата кон ЕУ и ќе бидат од взаимен интерес. Еврокомисијата ќе ја разгледа можноста за проширување на договорите за царинска унија со Турција. Јоханес Хан додаде дека какви и да се односите меѓу ЕУ и Турција, вклучувајќи и економските контакти, владеењето на правото ќе остане од фундаментално значење.

поврзани објави

Последни објави