fbpx
28.8 C
Skopje

Георгиевски му порача на Груевски да ја реформира партијата и да си оди

АКТУЕЛНО

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски му порача на својот некогашен сопартијец и министер за финансии во неговата влада, Никола Груевски да го следи неговиот пример, да си даде оставка од партијата.

„Јас би му препорачал на Никола Груевски да го следи мојот примeр, а јас си дадов оставка кога бев поразен, и реформирање на партијата е најдобро решение“, вели Георгиевски.

Јас во 2002 си дадов оставка кога ги загубив изборите од СДСМ, бев поразен како премиер и потоа честитав на победата, овзможив мирна транзиција на власта и потоа си дадов и оставка во партијата рече екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, во емисијата Отворено на тв 24.

Целта ми беше да се реформира партијата за да може да го победи СДСМ. Јас како демократ по убедување, го направив тоа без размислување, а и ме убедуваа од партијата дека тоа е добро за партијата.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ исекоа многу мостови,  ним не им е клучен ниту националниот инетерс ниту државниот им е главен,  тоа се виде од досегашното владеење.

Секој кој ќе ги потцени позициите на меѓунардоната заедница на крајот губи. Тие имаа шанси да направат нешто повеќе за Македнија и за себе, а тие направија само многу грешки. Премногу ги измалтретираа сите и се плашам да не направат уште поголеми грешки за да се уништат, вели Георгиевски.

Јас би му препорачал на Никола Груевски да го следи мојот примeр, а јас си дадов оставка кога бев поразен, и реформирање на партијата е најдобро решение.

Ќе има и правна разврска, и правно финале, ама не исклучувам послушникот Иванов кој има уште две години мандат како претседател,  и на крајот на неговиот мандат не се иклучени и амнестии  или аболиции, прогнозира Љубчо Герогиевски  како поранешен  претседател на ВМРО ДПМНЕ кој си поднесе оставка по загубата на изборите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -