Маж од селото Церовац кај Крагуевац (Србија) најверојатно се отрул од јаглерод моноксид додека печел прасе во шупата. Кога го пронашле тој веќе бил без свест, кога пристигнале лекарите се обиделе да го реанимираат но безуспешно.
Причина лекарите ја гледаат во тоа што во затворен простор останал без доволно кислород и вдишил јаглероден моноксид кој бил кобен по неговиот живот.
Ова не е прв случај на ваков настан со ваков епилог и лани во текот на новогодиншните празници две момчиња ги загубија животите вдишувајќи го овој гас.