10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе одговара за кршењето на деловникот

Талат Џафери е нелгално избран на позицијата претседател на Собранието – ова е ставот кој ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го потенцираше. Денеска на прес конференција, членот на Извршниот комитет на партијата, Зоран Илиоски уште еднаш го именуваше СДСМ како СДС, истакнувајќи дека според него, оттаму се подготвени да ги погазат и волјата на народот и Уставот и националните и државните интереси.

 

Според Илиоски СДСМ и неговите партнери во низа извршиле неколку кршења на Деловникот и нормите.

Најпрво прекршување се случи со самото тоа што пратениците од СДС и нивните партнери продолжија со работа по затворање на седницата во 18 часот, од страна на единствениот легитимен претседавач, Трајко Велјановски. Потоа следеше ново прекршување со нелегитимниот избор на Мухиќ, а потоа и Горан Мисовски за претседавачи, спротивно на нормите и процедурите.

СДС го оневозможи највисокото демократско парламентарно право, правото на дискусија на пратениците. СДС го прескокна формирањето на Комисија за избори и именување со што спречи истата да предложи и други кандидати за претседател на Собранието. СДС го погази и правото на пратениците да соберат потписи и да предложат и други кандидати за претседател на Собранието. На крај, без никакво пребројување на гласовите и на присутните, без никаков стенограм и ангажман на стручните служби, СДС нелегално се обиде да си избере претседател на Собранието.

 

Казната за своето нелегално, антидржавно и деструктивно однесување ќе ги стаса“ – порача Илиоски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави