Знаете ли зашто FYROM е на место…? Затоа што уште е како да живееме во времето на друже Тито, Бугарите се лоши, ама кашкавалот им е убав. Денеска местото на кашкавалот е сменето од пасошот. „Пасошот „сладок“ е, ама татариве не чинат„ пошо нели не ни го признаваат јазикот и нацијата (во истото време пишува на латиница и не знае две македонски песни изворни или од оние на Јонче Христовски, што веќе имаат статус на изворни да испее од крај до крај) Затоа Македончето уште долго време ќе си ги лие темелите на државноста, затоа што плука по државата поради која има држава (САД) и се уште е во услуга на Белград, само и само да не најде заеднички јазик со своите сограѓани, на чиј свадби Ужичкото не е централното оро (Албанците). Терајте вака горди чеда на Божицата Ма, па да видиме до каде ќе ја дотерате.
ФЕЈСБУК СТАТУС на новинарот Атанас Величков