fbpx
1.8 C
Skopje

Заев: Разговорите течат, ги заокружуваме принципите за состав на нова Влада (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите по средбата со Села рече дека течат разговорите и дека очекува што побргу да се формира Влада. 

„Разговорите течат со сите политички партии, јас се надевам дека ќе ги заокружиме принципите важни, за она што е интерес за граѓаните на Македонија. Драго ми е што во тој дел во позитивен правец се движат работите. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме за ресорите, имињата. Мене ми е драго што Села е подобар, за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците“, рече Заев.

Разговорите течат добро, ги заокружуваме принципите за состав …

Разговорите течат добро, ги заокружуваме принципите за состав на новата Влада!

Posted by Zoran Zaev on Monday, May 22, 2017

Заев рече дека би сакал уште утре да има Влада. „Ние правиме напори, ако не друго, заради Брисел да одиме, но поважен е квалитетот, поважно е тоа што е од интерес на граѓаните за да можеме предлогот да го испорачаме до Собранието на Република Македонија,“ додаде тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -