Шефот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп поднесе сочуство до Велика Британија по повод терористичкиот напад во Манчестер кој однесе 22 животи и повреди 59 лица.
„Ги изразувам моите најдлабоки сочувства на ужасно повредените лица при нападот и нивните семејства, изјави Трамп кој е во посета на Палестина.
Ние апсолутно се солидаризираме со Велика Британија. Толку многу млади, убави, невини луѓе кои живеат и се радуваат на животот, убиени од зли несреќници во животот. Нема да ги нарекувам чудовишта, бидејќи тие би го сакале токму тој термин“, рече Трамп.